„Луташ бебе“, му рече српски пратеник на Вучиќ

by fokus

Пратеникот во српското Собрание, Радомир Лазовиќ му се обрати на српскиот претседател Александар Вучиќ со стиховите на народната песна „Нека ствар“ на Маја Беровиќ на седницата на која се разговарало за Косово.

-Луташ бебе, си залутал од патот бебе, му рече Лазовиќ на Вучиќ.

Тој своето обраќање го заврши со изјава дека српското општество „залутало“.

-Ти честитам за тоа. Тоа, би рекол, е нешто што ќе влезе во аналите на Собранието – дека во дебатата за Косово луѓето слушаат за тоа: ‘Луташ бебо…’. Мислам дека тоа е највисок степен на одговорност што можевте да го покажете во дискусијата за Косово. Ниту сум бебе, ниту лутам, веќе си имам своја политика, заклучи Вучиќ.

Тој порача дека ништо не крие и дека иако мислел дека разграничувањето е решението, сфатил дека тоа е невозможно поради притисокот.

 

Поврзани новости