1.8K
Новинарот и директор на неделникот „Капитал“ е предложен од Владата за директор на финансии и комерција во МЕПСО, дознава „Фокус“.
-Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.
Тој и претходно беше предложен за оваа позиција но во август 2017 година, но ја врати поканата и како што и напиша тогаш поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство.
Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“, а беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.
С.Т.