75
Со 62 гласа „за“ Собранието го избра обвинителот од Републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски за државен јавен обвинител.
Тој беше единствен кандидат, откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, а за Фатиме Фетаи не се расправаше поради нецелосно доставена документација.
Коцевски доби шестгодишен мандат.
Коцевски е поранешен адвокат, кој во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од една година, станува дел од републичкото Јавно обвинителство, помеѓу десеттемина обвинители во оваа институција. Тој бил дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители но и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство.