Љупчо Јаневиќ e началник на Единицата за обезбедување на Зоран Заев, откако тој седна на премиерското столче дознава „Фокус“ од неофицијални извори во МВР.
Јаневиќ работи речиси 27 години во Министерството за внатрешни работи, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, познат како Шеста управа, а за време на пржинската влада во која Оливер Спасовски, исто така беше министер, тој беше во неговото обезбедување.
Исто така, полициските службеници од обезбедувањето на првиот човек во МВР, Спасовски, кои на 27 април, за време на крвавиот четврток застанаа во одбрана на пратениците од СДСМ и ДУИ, се унапредени во началници.
Сашо Тасевски, е поставен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа, а Ацо Ангеловски е поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР.