730
На денешната владина седница, Љупчо Андоновски беше изгласан за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, откако Сашо Мијалков си поднесе оставка. Андоновски на оваа функција доаѓа од местото началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање – Скопје.
На денешната седница беше изгласан и Горанчо Савески за нов директор на Бирото за јавна безбедност при МВР. Тој досега беше началник на Централните полициски служби.