Љупче Златев повикан на распит

by fokus

По налог на ОЈО, денеска во МВР новинарот Љупчо Златев беше повикан на распит затоа што како уредник на „Лидер” ја објавил снимката на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек, објави ТВ 24.

Златев во изјава за медиумите вели дека на распитот во МВР му било побарано да го обелодени идентитетот на свиркачот на што тој црвсто останал на ставот дека такво  нешто нема да си го дозволи, бидејќи е во псортивност со начелата за заштита на тајноста на изворите.

Ја обвини власта дека наместо да гонат функционер кој тепа граѓанин, го гонат тој кој обелоденува.

Поврзани новости