Луксузот во Франција во кој живее поранешната сопруга на Путин, осамна со графити!

by Fokus

Луксузната вила ,,Сузана” во Англет, Франција, во којашто според пишувањата на француските медиуми живее поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила (64) заедно со нејзиниот партнер, рускиот бизнисмен Артур Очеретниј (43), деновиве била мета на вандализам и ѕидовите на оградата биле испишани со графити: Путин Мафија, Слава на Украина, Е.и се Путин…

Француските медиуми ги објавија фотографиите од вилата која се проценува на повеќе од седум милиони евра, и која се наоѓа во близина на отмено француско летувалиште. Артур ја купил вилата во 2013 година, само шест месеци по веста дека Људмила и Путин се разведуваат.

За врската помеѓу Људмила и Артур често се пишуваше во медиумите, но таа се нема огласено, ниту пак се има појавено во јавност од 2013 година, кога со Путин открија дека се разведуваат. Како што пишуваат француските медиуми, соседи на Људмила раскажале дека ретко ја гледаат, но сите во околината знаеле дека таму живее поранешната сопруга на Путин заедно со рускиот бизнисмен Артур.

Тој во минатото беше генерален директор на агенцијата за организирање на настани ,,Art show center”. Организирал настани за Газпром и Транснефт, како и за Центарот за меѓучовечки комуникации, чиј покровител била Људмила. Така и се случила средбата помеѓу нив двајцата, а во 2010 година тој бил назначен за управител на истиот центар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости