Луксузот на ВМРО, наместо кај народот, може да оди кај „Комерцијална“?

by fokus

Судот донесе пресуда да се конфискува седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Но, патот од пресуда до реализација нема да биде ниту краток, ниту лесен. Белата палата е под хипотека. Судот ја поништи, но банката не го простува кредитот од три милиони евра што го зела партијата

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Конфискуваната „Бела палата“ да биде пренаменета во студентски дом. На студентите им припаѓа луксузот, во кој политичарите досега незаслужено уживаа.

Тоа беше реакцијата на Универзитетското студентско собрание на УКИМ откако беше објавена пресудата за случајот „Талир 2“, со која беа осудени поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот генерален секретар на тогашната Влада, Кирил Божиновски, за незаконска изградба на „Белата палата“ во центарот на Скопје.

Пресудата на судијката Даниела Алексовска Стојаноска да се конфискува седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста одекна како конечна победа на правдата, односно дека незаконскиот луксуз на „најбогатата политичка партија во Европа“ конечно ќе му припадне на народот.

Но, „Белата палата“ уште е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Објектите се конфискувани со неправосилна судска пресуда, а државата може да ги земе дури по правосилната судска пресуда до која треба уште многу да се изоди.

Токму главното седиште на партијата, кое се проценува дека вреди околу 7 милиони евра, е оптоварено со хипотека, односно во имотниот лист на седиштето е запишана хипотека во полза на Комерцијална банка во износ од три милиони евра за кредит што го зела партијата.

Сега кога судот одлучи ова седиште и уште триесетина други да ѝ припаднат на државата, се отвора нов проблем, кој ќе има предност во побарувањата, државата или банката и кој ќе ѝ го врати кредитот на Комерцијална?

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости