649
Лустери од т.н. бела палата на ВМРО-ДПМНЕ биле донирани во цркви и манастири низ Македонија, објави на својот фејсбук профил амнестираниот пратеник, Јохан Тарчуловски. Според него оваа одлука била донесена од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
„Огромна благодарност до претс. на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата св Никола с.Љубанци ќе ви е вечно благодарна“, напиша Тарчуловски.