722
„Мерцедесот“ од 580.000 евра ќе добие нови гуми, бидејќи Владата набави пневматици за блиндираните возила кои ги има. Договорот вреден 53.000 евра е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, а е скчучен помеѓу Слyжбaтa за општи и заеднички paботи при Владата и компанијата „Мак Ауто Стар“.
„Предметот на договорот е деллив на 2 (два) дела и тоа Дел број 1 – Пневматици за стандардни моторни возила, вредноста без ДДВ изнесува 700.000,00 денари и Дел број 2 – Пневматици за блиндирани моторни возила, вредноста без ДДВ изнесува 3.300.000,00 денари“, се наведува во набавката.
Меѓу блиндираните возила е и луксузниот „мерцедес“ кој беше набавен по желба на екс премиерот Никола Груевски, а за што е осуден на две години затвор.