Белорускиот претседател Александар Лукашенко заедно со рускиот претседател Владимир Путин го посетија космодромот „Восточни“ на далечниот исток на Русија.
Белорускиот претседател на прес-конференцијата по посетата рече дека наводите за воени злосторства во Буча се едноставна психолошка операција спроведена од Британците, пренесуваат агенциите.
Лукашенко тврди дека има информации како и со какви возила Британците дошле во Буча и што правеле.
Претходно Русија тврдеше дека злосторствата во Буча не се случиле и дека снимката со телата на улица е фалсификувана.
Путин истакна дека е потребна посилна интеграција меѓу Белорусија и Русија и дека операцијата во Украина ќе продолжи се додека не се исполнат сите цели. Тој исто така тврди дека обвинувањата за употреба на хемиско оружје во Украина се лажни како и во Сирија.