Коментирајќи го притворот на основачот на платформата Телеграм, Павел Дуров во Франција, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека не ги осудува француските власти, бидејќи, според него, ако некој е виновен, тогаш мора да одговара.
Како што истакна белорускиот лидер, „многумина од оние кои беа лоши ученици на училиште“ сега почнуваат да ја критикуваат белоруската влада и да велат дека некаде на Запад, на пример, во Франција, е подобро отколку дома, пренесува РИА Новости.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин еднаш му кажал за еден од неговите разговори со францускиот претседател Емануел Макрон по изборите во Белорусија во 2020 година, кога францускиот лидер му спомнал на Путин политички затвореници во Белорусија.
Минатата сабота вечер француските медиуми објавија дека основачот на Телеграм, Павел Дуров, бил приведен на аеродромот Бурж, откако излегол од приватен авион кој наводно допатувал од Азербејџан.
Според францускиот печат, Дуров, кој има француско државјанство, бил баран од Франција поради неговата вмешаност во прикривање информации за нелегални активности на неговата апликација Телеграм, вклучително и дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога.
Тој е осомничен и за неподготвеност да соработува со властите.