586
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека со рускиот колега Владимир Путин разговарал за „плановите“ на Западот да ја нападне Русија.
-Неодамна, а и вчера со Путин детално разговаравме за подготвените западни стратешки планови за напад врз Русија – истакна Лукашенко.
Тој додаде дека „плановите“ предвидуваат офанзива „преку Украина и Белорусија“ кон Русија.
Лукашенко вчера телефонски разговараше со Путин.