Лукашенко: Стигна нуклеарното оружје, посилно е од бомбите фрлени во Јапонија

by Fokus

Белорусија почна да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија, изјави нејзиниот претседател на руската државна телевизија Александар Лукашенко.

Тој во изјави за „Русија-1“ вели дека некои од нив се „три пати“ посилни од атомските бомби што САД ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Лукашенко вчера изјави дека нема да се двоуми да употреби оружје доколку неговата земја се соочи со агресија.

„Не дај Боже денеска да треба да донесам одлука за употребата на ова оружје, но нема да има двоумење ако се соочиме со агресија“, рече Лукашенко.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе го пренесе оружјето во магацините преку руската граница, но нагласи дека ќе ја задржи целосната контрола врз неговата употреба. Тактичкото нуклеарно оружје обично се разликува од нуклеарните боеви глави вградени во интерконтинентални балистички ракети. Наменет е да ги уништи непријателските трупи и оружје на бојното поле, а не да уништува цели градови.

Путин пред неколку дена објави план за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија од почетокот на јули. Тој рече дека подготовките за клучните објекти ќе бидат завршени на 7 и 8 јули, а потоа ќе почне преместувањето.

Поврзани новости