Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва, по посетата на рускиот претседател Владимир Путин, дека Украина најверојатно нема да се согласи на привремено примирје. Украина веќе се согласи на примирје во преговорите со САД, но Лукашенко очигледно се сомнева во искреноста на нивните намери.
„Кога има примирје, сè оди тивко и нема движење. Украинците веројатно нема да се согласат со тоа“, им рече тој на новинарите.
Се очекува во текот на попладневните часови да им се обрати на новинарите рускиот претседател Владимир Путин и да го коментира предложеното примирје.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Москва дека САД немаат план, мислејќи на прекинот на огнот предложен од Вашингтон.
„Можам со апсолутна сигурност да кажам дека Американците немаат никаков план за конфликт во Украина. Апсолутно не“, рече тој. „Тоа што го прават… тестираат. Што сака оваа страна? Што сака другата страна? Ќе разговараме за тоа денеска. Владимир Владимирович ќе ми каже“, додаде Лукашенко.
Во вторникот во саудискиот град Џеда се одржаа разговори меѓу американската и украинската делегација.
По средбата, двете страни објавија заедничка изјава во која се вели дека Украина е подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот предложен од САД.