Лукашенко: Немаше херои по бунтот на „Вагнер“

by Fokus

Белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека нема херои во бунтот на платеничката група „Вагнер“ што се случи во Русија. Тој ова го изјави на средба со новинарите, која траела речиси четири часа, пренесе Би-Би-Си.

Минатиот викенд руската државна телевизија објави дека  по бунтот на „Вагнер“ претседателот Владимир Путин од овие драматични настани излегол херој.

„Мислам дека никој од таа ситуација не излезе херој. Ниту Пригожин, ниту Путин, ниту Лукашенко. Немаше херои“, изјави Лукашенко. 

Лукашенко посредуваше во договорот да се стави крај на бунтот на Вагнер. Според договорот меѓу Вагнер групата и Кремљ, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, требаше да се пресели во Белорусија, заедно со некои негови борци.

Тоа сè уште не се случило. Лукашенко вели дека борците на Вагнер, сè уште се во логорите во кои се повлекоа по Бахмут.

„Што се однесува до Евгениј Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Или можеби утрово полета за Москва. Или можеби е на друго место. Но, тој не е во Белорусија“, изјави Лукашенко.

Белорускиот претседател негира дека договорот е прекинат.

Поврзани новости