40
Претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко изјави дека не може да оди на одмор бидејќи нема заменик.
– Белорускиот претседател не може да оди на одмор бидејќи нема потпретседател. Без разлика каде е претседателот на Белорусија, тој според Уставот не може да ги пренесе своите овластувања на никого – ја цитира државната агенција Белта, претседателот Лукашенко.
Рече дека одморот го доживува како промена на ситуацијата, околностите и начинот на живот.
– Не можам да замислам како можете да лежите на плажа и да се сончате – изјави претседателот на Белорусија.