630
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко стравува дека сериозниот европски конфликт може да прерасне во планетарен. Тој ова го изјави денеска, на проширениот состанок на националниот Совет за безбедност.
– Не дај Боже тој (сериозен европски конфликт]) да се претвори во планетарен. Но, не започна ни во 2014 година. Тогаш за првпат влезе во акутна вооружена фаза. Но, што му претходеше на ова?, праша белорускиот лидер, кој е најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
Според Лукашенко, непочитувањето на безбедносниот систем од страна на Западот довело до сегашната криза.