Лукашенко: Нашата војска не учествува во Украина

by Фокус

Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти денес дека воените трупи на неговата земја не учествуваат во рускиот напад на Украина.

-Нашата војска не учествува во специјалната воена операција – рече Лукашенко, тврдејќи дека во Украина не се случува инвазија, туку само „демилитаризација“.

Претходно, Лукашенко велеше дека неговата армија ќе биде рамо до рамо со руската при евентуална офанзива во Украина.

Поврзани новости