251
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека напад врз Белорусија ќе значи почеток на трета светска војна.
– Сакам да ги предупредам нашите противници, нашите ривали. И оние кои сè уште не разбираат. Нема потреба да се прави ова. Напад на Белорусија е трета светска војна, предупреди Лукашенко.
Лукашенко подвлече дека Белорусија има со што да одговори на надворешна агресија и дека нејзините интереси и вредности ќе се бранат.
– Нема да дозволиме никој да посегне по светата земја на нашите предци, независноста и суверенитетот на нашата татковина, нагласи тој.
Лукашенко претходно најави итен одговор на кршењето на државната граница во случај на напад на НАТО.