Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко предложи мировни преговори за Украина да започнат наесен, пренесе ТАСС.
„Најважно е овој конфликт да заврши… А дека во септември тие (преговорите) може да се случат исто така е малку веројатно. Сепак, многу работи покажуваат дека наесен ситуацијата треба да се промени и ќе почнеме да разговараме на преговарачка маса. Можно е тоа да не се случи во септември, туку подоцна, но повторно наесен“, рече Лукашенко.
Белорусија смета Русија да победи во конфликтот со Украина, рече Лукашенко одговарајќи на новинарско прашање.
Тој истакна дека оние кои не сакаат победа на Москва, треба да седнат на преговарачка маса со Русија. Лукашенко посочи дека не одржува контакти со украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Што се однесува до каналите за комуникација, мојот најмлад син го има телефонот на Зеленски, ние немаме други канали за комуникација (со Киев). Ние не одржуваме односи со нив и знаете дека јас не сум причината за ова“ – изјави белорускиот претседател.
„Русија е иднината на планетата. Сите ресурси се таму, во Русија знаат како да создадат водечки технологии: вселена, нуклеарни технологии, оружје и други“, смета Лукашенко.