Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека има „луда идеја“ за изградба на втора нуклеарна централа на истокот од земјата, пренесува „РИА Новости“.
„Ќе се префрлиме на струја, ќе користиме повеќе струја во земјата, бидејќи нуклеарната централа не е изградена за џабе. Имам таква луда идеја – да изградиме уште една нуклеарна централа на исток“, рече белорускиот лидер.
Во моментов, има една нуклеарна централа во Белорусија – Нуклеарна централа Белорусија, изградена во близина на северозападната граница на земјата.
Лукашенко додаде дека е пожелно да се задржат односите со земјите од Европската унија.
„Сега живееме првенствено на сметка на Истокот – Русија и Кина. Но, не смееме да заборавиме на високотехнолошкиот Запад. ЕУ е блиску до нас, тие се наши соседи и не можеме да ги изгубиме односите со нив. Ние сме подготвени за разговори, но грижејќи се за сопствените интереси рече Лукашенко.
Имено, белорускиот лидер денеска го посети националниот аеродром во Минск и одржа состанок за перспективите за развој на белоруската авијација под западните санкции.
Односите меѓу Белорусија и западните земји нагло се влошија по претседателските избори во 2020 година.
Западните земји постепено воведоа санкции против белоруските функционери, бизниси и индустрија. Нова фаза во проширувањето на санкциите против Белорусија се случи поради поддршката на Минск за Специјалната воена операција.
„Постои иницијатива за одржување на Игрите на земјите од БРИКС, за што разговарав со рускиот претседател Владимир Путин. Доколку се одржат такви игри, тогаш Белорусија ќе се приклучи на овој спортски форум“, рече Лукашенко.