Лукашенко: И ние се соочивме со сличен хаос како Казахстан

by Фокус

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во порака до неговиот казахстански колега Касим Жомарт Токаев посочи дека целта на екстремистите во Казахстан била да предизвикаат хаос.

-Очигледна е субверзивната цел на екстремистите – да се дестабилизира мултинационалниот Казахстан, да се предизвика хаос и братоубиствена војна во земјата со цел да се изврши државен удар и да се промени политичкиот курс – рече Лукашенко.

Тој додаде дека Белорусија веќе се соочила со сличен предизвик и затоа ја разбираат сериозноста на моменталната ситуација.

Поврзани новости