Лукашенко го ограничи пристапот до интернет: Од странство ни готват обоена револуција

by Фокус

Со налог издаден од Министерството за информации, белоруските власти го ограничија пристапот до интернет страницата на Радио Слободна Еевропа, Белсат, Еврорадио и Медијазона Белорусија, во обид да ги контролираат информациите за протестите против претседателот Алиаксандар Лукашенко.

„Целното блокирање на Svaboda.org на белорускиот сервис на РСЕ е дополнителен начин на кој владата на претседателот Лукашенко се обидува да не спречи да стигнеме до нашата публика со критични информации и да го изолира народот на Белорусија. Тоа е дел од целосна информативна блокада“, соопштија од РСЕ.

Во меѓувреме, Лукашенко му нареди на министерот за одбрана и на војската да усвојат најстроги мерки за заштита на границите на земјата во услови на, како што сугерираше, планот поддржан од странство за „обоена револуција“.

-Се е јасно. Како што очекувавме, се оди според планот за обоена револуција со агитирање на внатрешно-политичката состојба во земјата – изјави Лукашенко.

Политичката криза во Белорусија трае со денови по претседателските избори што се одржаа на 9 август. Официјалните податоци покажуваат дека Лукашенко победил со над 80 проценти од гласовите, но опозицијата не го признава резултатот.

Поврзани новости