381
Лидерот на Белорусија Александар Лукашенко се сретна со својот кинески колега, Си Џипинг, а за време на дијалогот, Лукашенко го уверил Џинпинг за веродостојноста на белоруското пријателство.
„Ако сакате да го знаете нашиот однос кон Кина и кон вас лично во овој момент, помножете го тоа што го кажавте со два. Секогаш бевте со нас, не само силен и сигурен пријател, туку и сериозна поддршка во ова тешко време“, рече белорускиот претседател.