Лукашенко: Да не се двоумиме да употребиме нуклеарно оружје ако е потребно

by Fokus

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека распоредувањето на руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе послужи како одвраќање против потенцијалниот агресор и дека не треба да се двоуми да се користи доколку е потребно, пренесува „Гардијан“.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека Русија ќе започне со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија на седми или осми јули откако ќе се подготват посебни магацини.

Тоа ќе биде првпат руското нуклеарно оружје да биде стационирано надвор од границите на земјата откако оружјето на територијата на Белорусија, Украина и Казахстан ѝ беше вратено на Русија по распадот на Советскиот Сојуз.

САД имаат тактичко нуклеарно оружје во шест бази во пет земји-членки на НАТО: Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција.

Поврзани новости