500
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска во вечерашното гостување на ТВ 21 кратко ги искоментира информациите кои изглегоа во медиумите дека Алијанса за Албанците сака да ја добие нејзината позиција.
-Амбициозни имало и ќе има, меѓутоа и шпекулации имало и ќе има. Легитимно е за секоја политичка партија која влегува во коалицијата да има свои аргументи за одредено министерство, одредена институција и така натаму, рече Лукаревска.
Во однос на владејачкото мнозинство, таа негираше дека истото е на стаклени нозе, напротив, имало окрупнување.