889
Новата функција е голем предизвик за мене, вели заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, која на оваа позиција ја замени Радмила Шекеринска.
-Имам растено и покрај развојот на Радмила Шекеринска. На многу млади жени тогаш во политиката, таа им беше идол и веројатно сакале да го стигнат тоа ниво – рече Лукаревска на ТВ 24.
Според неа, Шекеринска е политичка фигура која оставила белег во македонската политика.
-Не сакам да се споредувам со неа, бидејќи би било досадно во политиката, ако сите сме исти едни со други. Не сакам да бидам јас нејзин клон – потенцира Лукаревска.
Таа посочува дека дебатата во партијата е нормална работа, истакнувајќи дека ќе се залага за демократија во СДСМ.