Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска изјави дека секој месец има компании кои ги злоупотребуваат финансиските средства дадени од Владата со цел полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот.
-Во самата уредба, а сега и во Законот точно е наведено во кои услови, ако не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош, ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата, а исто така ќе треба да се прави и соодветно враќање на средствата. Постојано апелираме да нема злоупотреба, меѓутоа секој месец гледаме дека сепак има одредени компании кои сакаат да направат злоупотреба – рече директорката.
Таа посочи дека УЈП под лупа го има работењето на фирмите за кои постои сомневање дека во изминатите години не исплатиле минимална плата или барале одредена сума да им биде вратена од страна на работниците.