Прогресивното оданочување е европска практика, не би требало да предизвика зголемување на даночната евазија, рече во емисијата Уреднички брифинг на 1ТВ директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
-Многу е тешко прикривањето на приходите, со реформата на даночните пријави се врзуваме со сите банки, допираме до сите физички лица и имаме увид колку пригходи имаат остварено. Ако некој смета дека може да го изигра законот, нека повели, вели таа.
Како што објаснува, прогресивното оданочување постои уште многу одана во Законот за даночни обврзници, но сега разликата е тоа што прагот од 2 милиони е намален на еден милион денари.
Сепак, Лукаревска најавува дека прогресивниот данок ќе биде тема на критики, сугестии и дебати и се надева дека на крај ќе добиеме одлично решение.