Осми март е историски ден за сите жени. Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството. Оние кои не знаат каков од низ пеколот е тоа, нека замолчат.
Ова го порача на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
-Оние кои навистина сочувствуваат, нека застанат спроти насилникот. Храбри девојчиња, девојки, жени – ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка. Ниту стравот, ниту молкот не се опција. Не е опција ниту зборувањето напразно – рече Лукаревска.
Таа додава дека борбата за права на жените е борба за правата на сите.
-115 години од првиот женски марш во Њујорк, поттикнат од потребата на жената да биде еднакво вреднувана и почитувана се 115 години непрекинати промени. Имаме право на глас и сè повеќе нè има – благодарение и на незапирливиот порив на жената за сочувување на сопственото достоинство. Жената во исто време е и нежна и силна. Нежна, не слаба. Силна, не агресивна. На овој свет, нашиот свет, во кој се во „мртва трка“ страшните и лажните вести, навистина на сите ни е потребна искрена прегратка, прегратка на еднаквост и правичност – рече Лукаревска.