Лукаревска: Ја ослободивме заробената култура!

by Fokus

„Како одредена власт или политичка опција се однесува кон културата, тоа го дефинира и нејзиниот однос кон вредностите и уште поважно кон иднината на земјата, како што нашиот концепт е за европски вредности и европска држава, нашиот концепт е за европска култура“ порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на партиска трибина во Гостивар.

„Нашиот концепт е за европска култура. И тоа е уште една суштинска разлика со концептот на опозицијата за изолација, заробена држава и заробена култура“ рече Лукаревска.

„Цели 11 години со ДПМНЕ граѓаните видоа какви последици може да има доколку културата се зароби, се стави во улога на криминални и партиски интереси на мала група луѓе. Се потрошија речиси 1 милијарда евра за споменици, барок и стиропор во центарот на Скопје додека системски се уништуваше културата. Видовме политички обид за културен инженеринг, упад во културното и идентитетско наследство. Немаше сегмент од културата којшто ДПМНЕ не го остави во катастрофална состојба“ – потенцираше таа.

Актуелната директорка на УЈП смета дека „за нас културата е однос кон општеството, кон граѓаните, вредност, грижа.

„СДСМ ја ослободи културата, ја врати во нормала и во рацете на професионалците. Демократизирани се културните процеси, вратени се професионалните стандарди во институциите и ослободени се креативните процеси за сите уметници, за сите граѓани. Значително вложивме во подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард на вработените во културата. Платите во културата се зголемени за околу 120% споредбено со времето на владеење на ДПМНЕ. Презедовме мерки да го заштитивме и да го промовираме нашето културното наследство, идентитет и традиција“ – рече Лукаревска.

Поврзани новости