За какви инвестиции зборува Лукаревска, 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со најголеми буџети од над 5 милијарди, 7 години не можат да го направат патот Охрид Кичево, кој беше оставен со над 60% реализираност. 1 километар од Скопје до Блаце не можат да почнат, а не пак да го направат, еден селски пат немаат направено.
Лукаревска е најнеуспешен директор на УЈП. Милиони се испумпаа од УЈП со фиктивни фактури, кога ВМРО-ДПМНЕ објави таа негираше, за сега сама да признае дека имало криминал. Јавниот долг го зголемија за 70% за 7 години, а лекови за болни нема.
Милиони фрлија по тендери, а секоја учебна година почнува без учебници. Државата е колабирана по сите основи“ велат од опозициската партија.
Како што посочуваат, сите земји од регионот од 2017 до 2023 годима имаат раст на БДП по глава на жител над 50%, само Македонија со СДС и ДУИ 20%.
„Прашањето како е тоа можно? Одговорот е имаме влада која е двојно послаба од владите во сите околни држави од Албанија, преку Србија и Црна Гора до БИХ. Нема држава во регионот која е зад нас. СДС и ДУИ можат да бидат горди, први сме, но од позади. СДС и ДУИ ја уништија државата. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.