Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во утринската програма на Слободен Печат истакна дека нејзината партија до сега има сработено се’ во корист на граѓаните. Конзистентноста во креирањето на европски политики и обезбедуваат на државата европска иднина, каде што се испреплетуваат европските развојни политики, европскиот стандард и безбедноста.
„Без разлика што изминатиот период опозицијата водеше анти кампања и зборуваше за предвремени избори – ширеа само лажни вести кај граѓаните, ние разговараме само за редовни избори и се надевам дека престојните избори ќе бидат во корист на СДСМ“ – додаде Лукаревска.
Таа посочи дека преку пакетот на антикризните мерки и обезбедувањето на подобар животен стандард со зголемувањето на пензиите и минималната плата – СДСМ води исклучително европска политика и обезбедува квалитетно општество за живеење.
„Државата има европска иднина, излеговме од изолацијата во којашто бевме заробени, а сите реализирани проекти до сега се само показател да се види кој и мисли добро на државата“ – рече Лукаревска.
„Видовме во јавноста кој колку си ја сака државата пред неколку дена во Собранието имавме прилика да видиме како се крши и уништува, а тоа е добар показател да се види кој и мисли добро на државата“ – истакна таа.
Додаде дека опозицијата наместо да се залага за подобра перспектива на државата, преку нивните антиевропски политики ја враќаат државата назад и ја држат државата во изолација како во времето пред 2016 година кога владееше криминалот и режимско владеење.
„Исклучиво разговаравме со важни ЕУ лидери, излеговме од изолацијата во којашто бевме до 2016 година, а тоа значи само едно : секогаш на страна на граѓаните, со што и покажавме во текот на нашиот мандат преку: зголемување на минималната просечна плата, пензиите, воведувањето на пакет на антикризни мерки и мерки за време на енергетската криза – е показател дека имаме едно општество за сите“ – рече Лукаревска.
Заменик-претседателката на СДСМ додаде дека „Новиот пакет на антикризни мерки ќе биде насочен каде што е најпотребно. Тука е разликата меѓу нас и опозицијата. Порано се трошеше на стиропор, жални врби и Скопје 2014, тоа како да го имаме заборавено. Сега имаме соодветни економски мерки кои даваат резултат“.
„Во новиот буџет имаме предвидено 1,36 милијарди евра за пензионерите. Од 2017 година, вклучително и 2024, издвоени се 8,5 милијарди евра за пензионерите. Просечната и минималната пензија се зголемени за 50 отсто“ рече Лукаревска.