Ние сме земја-членка на НАТО, мора да станеме членка и на ЕУ. Тоа е многу важно. Ако сега биде сопрен нашиот пат кон ЕУ, победникот на овие избори ќе биде најголемиот губитник, за државата и да не зборуваме, рече коносителката на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Сања Лукаревска на митингот во Кочани.
Таа додаде дека резултатите од првиот круг на претседателските избори потврдија дека ВМРО- ДПМНЕ и покрај сите лажни обвинувања и пропаганда, славеше победа со традиционалниот број на гласови.
-Не смееме да ја заборавиме 2006 година, кога работите тргнаа во лош правец, по што следуваа агонични години на молк, закани, страв, иживување, лустрирање. Годините кои ги живеевме во заробена држава – рече Лукаревска.
Таа додаде дека СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат.
-Во оваа изборна програма наш приоритет над приоритетите е стабилна, безбедна, сигурна и просперитетна Македонија чии граѓани ќе имаат предвидлива и спокојна иднина. На дофат ни е членството во ЕУ, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, се плашам дека алтернативата е погубна за сите нас – рече таа.