Лукаку е најголемиот малер на ЕУРО 2024

by Fokus

Фудбалерите на Белгија ја победија Романија во второто коло од групата Е со 2:0 и со тоа се издигнаа на вистински начин по шокантниот пораз во првото коло од Словачка.

Головите за заслужената победа на Белгија ги постигнаа Јури Тилеманс во втората минута од натпреварот и Кевин Де Брујне во 80. минута.

Белгија можеше да постигне уште неколку голови, но Лукаку беше одговорен за спречување на такво сценарио.

Имено, му беше поништен голот во 64. минута, додека претходното коло против Словачка имаше дури два поништени по интервенциите на ВАР.

Лукаку има постигнато повеќе нерегуларни голови на ова ЕУРО од кој било редовен играч на претходното Европско првенство.

Следниот натпревар Белгијците го играат против Украина во среда, а ќе видиме дали Лукаку ќе може да го „симне проклетството“ и конечно да се запише во листата на стрелци.

Поврзани новости