Лукаку блиску до трансфер во Интер

by fokus

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку е многу блиску до трансфер во Интер, според авторитетниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.

Според него, двата клуба постигнале усен договор откако последната понуда на „нероазурите“ го задоволило англискиот тим. Таа изнесувала 65 милиони евра, со лесно достижни бонусите. Така, Лукаку ќе пристигне во Италија вечерва или утре наутро за да помине медицински прегледи.

Во меѓувреме, англиските медиуми, исто така, објавија дека Интер направил подобрен предлог, а според „Скај Спортс“ во Милано се убедени дека ќе биде прифатен. „Телеграф“ тврди дека тој изнесувал 70 милиони евра, како и дополнителни 10 милиони евра во бонуси. Двата медиуми јавуваат дека играчот агент Федерико Пасторело вчера бил во Лондон за да одржи разговори со Јунајтед во име на италијанскиот клуб.

Во моментов, Белгиецот е во родната земја каде тренира со својот поранешен тим Андерлехт, за што ќе биде казнет од „црвените ѓаволи“. Пред неколку дена се сметаше дека тој ќе оствари трансфер во Јувентус како дел од договор според кој Пауло Дибала ќе игра на „Олд Трафорд“.

Сепак, овој трансфер не успеа поради Аргентинецот и сега изгледа дека Лукаку ќе заврши во Интер, што беше најголемата желба на Антонио Конте кога пристигна во клубот.

Поврзани новости