Лука Модриќ по 181. пат настапи за репрезентацијата на Хрватска во победата од 2:1 против Шкотска на „Максимир“ и уште еднаш влезе во историјата на спортот.
Капитенот на „коцкастите“ со 180 настапи го подели второто место со Серхио Рамос на табелата на европски играчи со најмногу натпревари во националниот тим, а вчера го престигна својот поранешен соиграч од Реал Мадрид.
Пред Модриќ со 214 настапи за Португалија е само Кристијано Роналдо, кој постигна гол и во победата на Португалија против Полска.
Лука Модриќ дебитираше за Хрватска на 1 март 2006 година на пријателскиот натпревар против Аргентина, а оттогаш се појави во дресот на репрезентацијата на четири светски првенства (2006, 2014, 2018, 2022) и пет европски првенства (2008, 2012, 2016, 2020, 2024 година) со три освоени медали (светско сребро и бронза и сребрена Лига на нации).