Лука Дончиќ оди во нов клуб, кај еден од најголемите на сите времиња

by Fokus

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ наскоро ќе стане нов играч на Лос Анџелес Лејкерс, јавува НБА инсајдерот Шамс Чаранија.

Планиран е голем трејд кој ќе ги испрати Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, а Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот драфт од 2029 година во спротивна насока.

Дел од договорот е и Јута Џез, која ќе го добие Џејлен Худ-Шифин и два драфт пика во 2025 година.

Лејкерси веруваат дека Дончиќ ќе донесе ново поглавје во франшизата.

Дончиќ на тој начин ќе му се придружи на големиот Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

За Далас одигра 422 натпревари.

Поврзани новости