Тропската бура Хилари, која ја погоди јужна Калифорнија, создаде хаос во целата држава. Повеќе од 25 милиони луѓе се соочуваат со ризик од можни поплави, а наставата во училиштата е откажана до понатамошно известување.
Вонредна состојба е прогласена во поголемиот дел од Јужна Калифорнија, во области претежно навикнати на суша, а се очекува дека може да наврнат меѓу 12 и 25 сантиметри дожд во планинските и пустинските области, што е количината што обично паѓа во текот на целата година. Ова е првата тропска бура што го погоди округот Лос Анџелес во последните 84 години, пишува Дејли Мејл.
Во западниот округ Вентура, Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поројни поплави опасни по живот откако паднаа до 5 инчи дожд во рок од два часа.
Властите стравуваат дека ураганот Хилари сега се движи кон север и се очекува да ја погоди Невада подоцна денеска.
Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес ги предупредува граѓаните на потенцијално опасни по живот бури.
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од државата.
Во меѓувреме на социјалните мрежи почнаа да кружат видеа и фотографии кои покажуваат дека на улиците се појавиле поројни дождови.