„Таму не е за гледање. Никогаш не сум видел нешто слично. Луѓето се свиткани, тие се јаглен. Сега треба да се идентификуваат“, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков.
Најмалку 45 лица загинаа откако синоќа на автопатот Струма се запали автобус во сопственост на превозник од Република Северна Македонија. Пламенот избувнал, откако возилото удрило во заштитната ограда.
На местото на настанот присутни се министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, премиерот Стефан Јанев и директорот на НСЛС, Борислав Сарафов.
„Автобусот ја уништил заштитната ограда. Сосема е можно ова палење да се случило како резултат на контакт со заштитната ограда. Но, ова се нашите верзии“, рече Рашков.
Според него, засега нема првична верзија за инцидентот.