На денешен ден, 10 јули 1856 година, е роден Никола Тесла, еден од најважните и најпознатите светски научници. Овој ден покрај роденденот на Tесла е и Ден на науката.
Покрај бројните пронајдоци како што се полифазниот систем, ротирачкото магнетно поле, асинхрониот мотор, синхрониот мотор и трансформаторот, Тесла е секако најпознат по откривањето на наизменична струја.
Никола Тесла е автор и на повеќе од 700 патенти, регистрирани во 25 земји, од кои 112 во областа на електротехниката, а бил и клучен човек во изградбата на првата хидроцентрала на Нијагарините водопади.
„Од сите ‘сили на триење, онаа што најмногу го забавува човечкиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува ‘Најголемото зло на светот’“, е една од најпознатите изјави на Тесла.
Тој често велел дека ако омразата на луѓето се претвори во струја, би можеле да се осветлат многу градови.
„Сите сме едно. Луѓето се поврзани едни со други со невидливи сили“, велел Тесла.
Единицата за мерење на висок напон и магнетно поле го добила неговото име, а неговото име се најде во друштво на великаните, по кои се иманувани ридовите на Месечината.
Д-р Марк Сејфер, во својата книга „Волшебникот: Животот и времињата на Никола Тесла – Биографија на гениј“, се занимава со самото прашање – зошто величествениот ум како Тесла никогаш не ја доби Нобеловата награда, иако беше номиниран.
Умрел сиромашен и сам во хотелска соба во Њујорк на 7 јануари 1943 година.