Утрото на 2 март, ден по погребот на Алексеј Навални, луѓето продолжија да носат цвеќе на неговиот гроб на гробиштата „Борисов“ во предградие на Москва, напиша новинарот Александар Пљушчев.
„Има многу безбедносни сили, огради долж целата улица, но сите се пријателски расположени“, пишува на каналот. „На гробиштата можете мирно да одите, не ве брзаат и дозволуваат да останете колку сакате. Има многу цвеќиња, луѓето продолжуваат да доаѓаат“.
Мајките на Алексеј и Јулија Навални, Људмила Навална и Ала Абросимова, повторно дојдоа на гробиштата „Борисов“ утрото на 2 март.
Навални почина во колонијата „Поларен волк“ зад Арктичкиот круг, каде што беше префрлен во декември 2023 година и каде отслужуваше 19-годишна затворска казна. Сојузната казнена служба тврди дека смртта на политичарот била поради ненадејно откачен тромб.