Поглаварот на Руската православна црква вчера предупреди дека секој обид за уништување на Русија ќе значи крај на светот. „Денес има големи закани за светот, за нашата земја и за целото човештво, рече патријархот Кирил на богослужбата по повод празникот Богојавление.
-Желбата да се победи Русија денес доби многу опасни форми. Го молиме Господ да ги вразуми лудаците и да им помогне да сфатат дека секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот, рече Кирил. Тој додаде дека Русија поседува моќно оружје и луѓе кои имаат силна желба да победат.
-Денес е толку вознемирено време, но ние веруваме дека Господ нема да ја напушти руската земја… дека Русија ќе има сила… да ја заштити својата земја и својот народ“, заклучи поглаварот на Руската православна црква.
Патријархот Кирил се смета за жесток поддржувач на руската инвазија на Украина. Постоењето на добри односи меѓу Кремљ и црквата го потврди и самиот руски претседател Владимир Путин кога на православниот Божиќ и се заблагодари на Руската православна црква за нејзината улога во општеството.