„Лудакот“ се уште ќе го тренира Алиоски

by fokus

Аргентинскиот менаџер Марсело Биелса, познат како „Лудакот“ ќе продолжи да го води Лидс Јунајтед, каде настапува македонскиот репрезетнативец Езгјан Алиоски, и следната сезона.

Раководството на тимот реши да ја продолжи соработката со Биелса за уште една сезона.

Лидс ја пропушти можноста да се врати во Премиер Лига, откако загуби 3:4 во плејофот од Дерби Каунти. Во регуларната сезона, тимот заврши на трето место, иако речиси до крајот на сезоната се движеше кон директна промоција во елитата.

Во својата тренерска кариера, 63-годишниот Биелса ги предводеше националните тимови на Аргентина и Чиле, шпанските клубови Еспањол и Атлетик Билбао, француските Лил и Олимпик Марсеј и италијански Лацио.

Поврзани новости