724
Спектакуларен натпревар одиграа Манчестер сити и Реал Мадрид во првиот полуфинален меч од ЛШ во кој победија „граѓаните“ со резултат 4-3.
Тимот од Англија прв поведе на овој дуел со двата брзи погодоци на Де Брујн и Габриел Жезус, а Бензема пред крајот на првото полувреме ја врати неизвесноста.
Само неколку минути од второто полувреме, Манчестер сити повторно имаше двојна предност од 3-1 благодарение на голот на Фоден, а две минути подоцна Винисиус Џуниор. Во 74-та минута, Бернардо Силва постигна спектакуларен гол за 4-2, а Бензема во 83-та минута постигна погодок за конечните 4-3.