За време на викендот популарниот српски пејач Ацо Пејовиќ се дружеше со своите обожаватели во Ист Гејт во Скопје, а на гостувањето го најави големиот концерт кој ќе се одржи на 26-ти март во салата Борис Трајковски.
Популарноста на Пејовиќ, кој е активен на естрадата со децении, значително порасна во регионот откако тој ги отпеа хитовите на Тома Здравковиќ во играниот филм ,,Тома”.
Во Скопје беше дочекан со овации, а интересот за најавениот концерт е голем.
Околу тоа кој е Ацо Пејовиќ приватно, често се пишуваше во српските медиуми, посебно пред седум години, кога неговата сопруга Билјана се бореше за живот.
За љубовта со неа, Пејовиќ раскажуваше дека биле во врска само седум дена, а потоа се венчале, бидејќи знаел дека таа е вистинската.
Кога во 2015 година преживеала трауматично искуство, излив на крв во мозокот, тој изјави дека тоа бил најтешкиот период во неговиот живот.
-На цел глас плачев затворен во собата и се молев Билјана да преживее. Сите беа покрај мене тогаш. Ноќта во болницата, дојде цела естрада да ми даде поддршка. Таму беа Цеца, Брена, Лукас, Ана Бекута… Добив над 200 пораки со поддршка.
Со божја помош и со помош на професорот Тадиќ, таа сега е добра. Сепак, искуството ни го промени целиот живот.
Кога човек ќе доживее нешто такво, сфаќа дека сите недоразбирања се безвредни и треба да се има добар однос со сите луѓе.
Се смирив со многумина со кои порано не разговарав, а кои сепак дојдоа да бидат покрај мене кога се случи настанот со Билјана – раскажуваше Пејовиќ.
Тие се родители на Магдалена, Марија и Ива, а пејачот со гордост изјавува дека семејството е неговиот најстабилен столб во животот.
-Семејството ми е нешто свето, и никогаш во животот не го доведов во прашање мојот брак, колку и да сум бил отсутен. Билјана ми е најголема поддршка покрај која секогаш останав нормален, создадов здраво семејство. Се гордеам со неа – појаснуваше Пејовиќ.
Вики Клинчарова