465
Музичкиот состав Љубојна ќе го одржи својот прв акустичен концерт. Настанот ќе се случува на 22-ри декември во Национална Опера и Балет, со почеток од 19.30 часот.
Од составот порачуваат дека ќе и приредат незаборавно музичко доживување на публиката со големите хитoви кои ги снимија во текот на изминатите години.
– Затоа што кога срцето ти пее и здивот е музика – велат од Љубојна.
Периодов тие се актуелни со спотот за синглот ,,Севдо ле’.
Влезниците ќе можат да се купат преку продажната мрежа на Купи карти за се.
Вики Клинчарова