1
Неколку илјади луѓе се собраа во Љубљана за да им изразат поддршка на студентите во Србија и да побараат од градоначалникот Зоран Јанковиќ јавно да се извини за својата поддршка на српските власти, пренесе Бета.
Собирот под наслов „Љубљана станува“ започна во 11:52 часот пред Амбасадата на Србија, со молчење во знак на сеќавање на 15-те загинати при уривањето на бетонскиот покрив на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Потоа, присутните се упатија кон Градската општина Љубљана, каде што организаторите предадоа четири барања. Пред Градската куќа беа поставени 15 столици во знак на сеќавање на загинатите во Нови Сад.
Фотографија: Радио Слободна Европа