807
Новинарот на Фокус кој ја објави аферата за 30.000 фалисификувани лични карти, Љубиша Арсиќ, вечерва ќе биде гостин во емисијата „360“ на телевизија Алсат М во 22:30 часот. Гостин ќе биде и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а тема ќе бидат токму фалсификуваните лични карти, кои најверојатно биле употребени за изборни цели, но кои може и пак да се употребат.
Во текстот на Арсиќ, објавен во последниот број на Фокус, пишува дека на две тајни локации во скопско Шуто Оризари и во Штип биле изработени повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти. 105 од тие фалсификувани беа доставени до Фокус, кој потоа ги предаде на Министерството за внатрешни работи за понатамошна истрага.